logo

# Сатира

Ќе можете да го смените полот со дозвола од Канческа и Мукоски!

насловна слика

Контроверзниот закон за промена на полот се враќа на дневен ред во собранието!!!

 

Овој пат, со мали измени во законот, кои многу веројатно ќе бидат изгласани од минимум 2/3 од пратениците.

 

Имено, според новиот закон, секој ќе може да го промени полот... ако така решат Крсто Мукоски и Елизабета Канческа.

 

"Види, ти можеби си роден како маж и мислиш дека си маж. Арно ама, ако Крсто и Бети решат дека си жена... жена си! Нема тука дилема. Тие двајца ќе решат што се. Дали си трансродово лице? Е па нема повеќе нервози - Бети и Крсто ќе решат дали ќе имаш некакви права или не. Сметаме дека Мукоски и Канческа се единствени што можат да решат кој е вашиот пол, вашиот род, вашето име, вашиот матичен број и останатите информации. Им благодариме и на двајцата што неуморно работат за земјава." - изјави премиерот Ковачевски за медиумите.

 

Екипата на Кооперација цврсто стои зад овој закон. Да живеат Крсто и Бети!

 

 

Коментари


Остави коментар