logo

# Сатира

Ќе има мир! Ќе има решение!!! ЗАЕВ ПРИСТИГНА ВО КОСОВО!!!

насловна слика

Ситуацијата во Косово многу веројатно ќе биде решена до крај на месецов!

 

Иако многу зли јазици очекуваа ситуацијата да ескалира со војна, ЕУ, НАТО и Комитетот што ја доделува Нобеловата награда најдоа решение за кризата на Косово!

 

Тие го испратија Зоран Заев - човек што е експерт за решавање на меѓусоседни проблеми.

 

Тој веќе пристигна во Приштина каде наскоро ќе се сретне со лидерите на Косово и Србија.

 

"Лесен е проблемот. Прво ќе го смениме знамето. Наместо ова сегашното, Косово ќе мора да го смени знамето. Башка глупо е, зашто има ѕвезди знамето на Косово кога ниту еднаш него освоиле светското првенство во фудбал??? Наместо ова, сегашното, новото знаме ќе им биде... истото знаме со Србија. Верувам дека граѓаните на Косово не се заостанати како граѓаните на Северна Македонија и уште одма ќе го сменат знамето. А што следи после смена на знаме? Логично - смена на име! Од "Република Косово" предлагам новото име да има само мала додавка - "Република Косово Е Србија". Сите знаеме дека мали додавки пред или после името само го зацврстуваат идентитетот. После тоа ќе предложам да се смени и уставот на Косово, а после тоа... па после тоа веќе ќе биде решен проблемот! Решението е толку едноставно, не знам зошто на овие од Косово не им текнало до сега!" - изјави Заев, видно среќен што го има решението за проблемот меѓу Косово и Србија.

 

 

Коментари


Остави коментар