logo

# Сатира

Ќе има двојазични униформи! Јазиците ќе бидат Албански и Бугарски!

насловна слика

Браво! Вака се сака државата!

 

Земјава е чекор поблиску до... што и да и е целта.

 

Сите знаеме дека национализмот е лош и затоа, во борба против истиот владата објави дека новите двојазични униформи на армијата ќе бидат на албански и бугарски јазик.

 

"До кога бе ќе се држиме слепи за стап за македонската азбука? Што има таа што немаат албанската и бугарската? Еве, Американската армија нема НИТУ ЕДНА македонска буква па што им фали? Ништо, супер е! Сите знаеме дека пријатели не се создаваат без имање на двојазичност, а ние дефинитивно сакаме да имаме што е можно повеќе пријатели! Ако не продолжиме со ова темпо тогаш следната година нема ни волја за датум за почеток на преговорите за добивање на датум да добиеме!" - изјави Славјанка.

 

Освен двојазични униформи, владата планира да го смени знамето на униформите со грчкото знаме, за да не се бунат комшиите.

Коментари


Остави коментар