logo

# Сатира

Кинезот кој прв се зарази: Барем вкусен беше лилјакот

насловна слика
Ексклузивно интервју со Лао Шиш Миш - Кинескиот државјанин од Вухан кој прв се зарази со вирусот Ковид-19:  Вие официјално сте првиот заразен и излечен од вирусот Ковид-19. Кажете ми како сè започна?  На почетокот Господ го создаде небото…  Не толку од почеток! Кажете ми за вирусот Ковид-19. Се зборува дека сте се заразиле откако сте јаделе лилјак. Раскажете ми како започна, какви симптоми имавте и како ја поминавте болеста? Беше многу страшно… Почна да ме гребе грлото, почнав да кашлам како луд, едвај дишев… Ме однесоа во болница, ме ставија на респиратор, мислев ќе умрам… ни самиот не знам како сум жив уште… Ама кога ќе размислам од денешна гледна точка - вредеше! Да знаете само колку вкусен беше лилјакот…  Како мислите вредеше? Не ви е ниту најмалку криво?  Знаете како го имам зготвено… Мх, мх, мх… прсти да излижеш...Лилјак во сос од печурки, никулци од бамбус и мед од диви пчели… Ако немате диви, може и питоми…Лилјакот го сечете на мали шници, зачинете го по вкус и кратко пропржете го на масло од двете страни… Печурките исечете ги на листови, додајте ги во тавата со месото заедно со никулците од бамбус и дивиот мед и оставете го да динста едно 20 минути… Мх, мх, мх… многу е вкусно...Се топи во уста...  Од кога почнавте да јадете лилјаци? Видете јас од секогаш сум сакал лилјаци. Уште како дете омилен филм ми беше Бетмен…  Дали планирате да продолжите со овој начин на исхрана, знаејќи дека до денес во светот има преку 2.000 000 заразени и повеќе од 120 000 починати?  А не ви кажав дека и на скара може да се прави лилјакот … Мх, мх… На скара е уште повкусен… знаете како крцка… прсти да излижеш...

Коментари


Остави коментар