logo

# Сатира

Кинескиот амбасадор ќе проверува дали има корупција во Македонија!

насловна слика

Џанг Ѕуо, амбасадорот на НР Кина во Република Македонија ќе ја проверува ситуацијата во земјава со цел да утврди дали има корупција и како може да се справиме со истата.

 

"Да, јас како амбасадор на странска земја во Македонија имам право да проверувам дали има коруцпија во земјава и да се справувам со истата. Некои мислат дека премиерот или претседателот треба да го прават тоа, ама тоа е ваљда дека не го прочтиале уставот. Таму јавно пишува дека секој амбасадор има право да се бори со корупцијата и да ги проверува сите функционери. Не знам зошто само на мене и на оваа Американкава ни текнува ова да го правиме, чудна работа..." - изјави господинот Ѕуо, а од кинески ни преведе Циле Тупуровски.

 

Функционерите во Македонија се поделени по оваа ситуација. Некои велат дека е добро да има камшикар што ќе ги камшикува лошите и корумпирани функционери, а има и такви што не се ентузијасти за БДСМ.

 

"Добро е ова. Ете амбасадорката од САД ќе го прави ова исто така, а еве сега и амбасадорот на Кина. Ќе биде добро уште еден од ЕУ и еден од Африка да најдеме, бидејќи инаку ќе испадне дека две држави имаат влијание врз земјава, а нели, ниту една земја нема влијание врз земјава. Ама добро, веруваме ќе се најдат уште неколку амбасадори кои ќе ги дружат овие двајца што се нафатија на решавање на проблемот." - изјави Димитар Ковачевски.

 

Што друго да се каже освен - Браво! Уште 5-6 амбасадори да имавме како Американката и Кинезов и... ехееее, ќе бевме исто како САД и Кина и немаше да бидеме дел од ЕУ.

 

 

Коментари


Остави коментар