logo

# Сатира

Километарски ред пред Владата: Граѓани со чинии во раце чекаат на палачинките на премиерот

насловна слика

Илјадници граѓани нагрнаа на владините порти неколку часа откако премиерот Димитар Ковачевски, при денешното пазарење пред камери вети дека купува брашно и јајца за да демонстрира кој ги прави најдобрите палачинки, покажувајќи кон себе.

 

- Стигнав тука 15 минути после изјавата, а сега е 19 часот и од палачинките уште нема абер. Апелирам до премиерот да забрза со подготовката зошто народот тука е сѐ погладен и сѐ понервозен. Нема палачинки, нема мир! Нема палачинки, нема мир! - изјави еден од палачинкарите во првите редови, пред да изгуби свест од глад.

 

Веднаш по неговото онесвестување, до насобраниот народ се обрати претставник од кабинетот на премиерот, кој соопшти дека на Ковачевски не му се погодило тестото во првата тура, па веднаш штом замеси ново ќе започне со печење на палачинките.

Коментари


Остави коментар