logo

# Сатира

КИЧЕЕЦ: АКО ДОБИЈАМ УШТЕ 2 КАЗНИ ЌЕ ДОБИЈАМ ПОПУСТ НА КУЈНСКИ ПРИБОР!

насловна слика

ОЈО побара втора казна затвор за Кичеец, бидејќи тој ја прекршил првата, правејќи сообраќајка додека бил во затвор... ама надвор од затворот.

 

Екипата на Кооперација стапи во контакт во Зоран Кичеец и проба да ги добие неговите мисли за оваа ситуација.

 

Тој делува оптимистично и вели дека е колекционер на затворски казни.

 

"Јеј!  Супер! Се надевам дека ќе ја добијам и втората казна. Па потоа, додека ќе бидам во затвор, ама надвор од затвор можеби ќе поминам на црвено па ќе добијам и трета казна затвор поради тоа што сум ја скршил втората казна затвор надвор од затворот, а секако втората сум ја добил пошто сум ја скршил првата казна затвор надвор од закон... не, чекај се збунив. Ме сфаќаш бе. Муабетот ми е... колекционер сум на казни. Има една наградна игра, за секоја казна затвор добиваш купон. Ако собереш три купони добиваш 10% попуст на кујнски прибор. Едвај чекам. Ако соберам пет купони наводно ќе добијам 25% попуст на Џек ЛаЛејн Пауер Џусер. Ептен го сакам џусерот на господин ЛаЛејн, тоа старо копиле знае како да направи добар сок!" - вели Кичеец.

Коментари


Остави коментар