logo

# Сатира

Казино диливери: Нарачал апарат со јагоди, му донеле со сливи

насловна слика

Се поголемо незадоволство се јавува кај граѓаните, откако казината почна да вршат диливери на своите производи и услуги. Тие се револтирани бидејќи доставата е многу спора, па мора да чекаат со часови, а многу често се прават и грешки во нарачките. Таква судбина го снајде 37 годишниот Јовче Ивановски, кој нарачал апарат за коцкање со јагоди, но му било доставено апарат со сливи.

„Нејќам да играм на овој апарат. Сливите ми се баксуз. Ја убаво си нарачав со јагоди. Нека си го земат овој и нека го носат. Ич не играм. Така нека знаат од казиното. Додека не ми донесат апарат со јагоди, не планирам да играм. Еднаш сите пари ги изгубив на ова слививе “ - изјави револтирано Јовче Ивановски, од својот дом, додека чекаше да му биде заменета нарачката.

Коментари


Остави коментар