logo

# Сатира

КАСТРИОТ: ЖЕНАТА МИ КАЖА ВЕЧЕР ЌЕ ДОБИЈАМ ПАКЕТЧЕ!!!

насловна слика

Супер вести за државата, а пред се одлични вести за Кастриот Реџепи!

 

Човекот кој секогаш ги има информациите чекор пред сите, изјави дека оваа вечер тој ќе добие пакетче. Не е сигурен дали пакетчето ќе биде од ЕУ или не, но сепак тој е пресреќен со оваа информација и реши да ја сподели со нас.

 

"Имам супер вест за вас! Во декември 2020 ќе влеземе во ЕУ! А освен тоа... на 31 декември ќе добијам пакетче! То ест... ноќта после 31.12, ако спијам... ќе добијам пакетче! Наводно од ЕУ, не сум сигурен. Жената има такви информации. Гледала на телевизија, некој чоек у црвено облечен со долга брада. Ваљда некој министер од владата на Макрон. Кажал дека ако си добар ќе добиеш пакетче. А јас сум добар. Така да... очекувам пакетче. Каква година за мене, еј!!!" - ни се пофали Кастриот Реџепи.

Коментари

ZfL8E58kYcJWEpOwaykvXBQbEJuAYFN8kyLx16qd

дедо Мраз З.З. не ги заборава послушните дечиња


Остави коментар