Конечно! Дознавме зошто Кастриот Реџепи не се појави во Владата! Имено, тој дознал дека веќе 15 години сме членки на Европската Унија што живот дава, а разбрал дека ако гласа за недоверба на владата тогаш постои сериозна опасност да не избркаат од истата.
"Да, да, членки сме на ЕУ. САД ја призна Република Македонија под оставно име. И прослава на плоштад имаше за тоа. И со тоа се реши проблемот со Грција, добивме датум за преговори. После тоа уште 7-8 други датуми за преговори добивме, еден од нив го доби и господинот Заев во авион. Одлични вести за нашата земја! И сега, ми кажаа дека ако гласам за недоверба на власта ќе ни се прекине членството. Види мајката??? За џабе да паднат 15 години членство??? Не! Супер е животот во ЕУ, еве ја супер плата добивам не можам да се пожалам. Не сакам туку така да ја избркаат Македонија од ЕУ!" - изјави Кастриот за нашиот сајт.