logo

# Сатира

Кастриот Реџепи: Ми кажаа дека Украина ќе победи на Евровизија!

насловна слика

Најпознатиот претскажувач на иднина се враќа со ново предвидување!

 

Имено, Кастриот Реџепи тврди дека странски служби го известиле дека Украина ќе победи на овогодинешниот избор на Евровизија, како утешна награда за тоа што тие одбија да се предадат на Русија и така, исто како и Северна Македонија да го решат својот проблем и притоа да влезат во НАТО.

 

"Договорено е. Украина победува на Евровизија. Сакаа НАТО и ЕУ, ама и Евровизија не е за фрлање, нели? Е сега, не знам нашава земја кога ќе победи. Им свртев пар броја на Грциве и Бугариве за да не нападнат догодина, а може и УЧК да се активира пак, зошто да не? И така некако да наместиме во период на војна да победиме? Не знам, се надевам догодина ќе има војна во Македонија и ќе победиме на Евровизија, ама до тогаш - Украина победува. Слушај што ти зборам, уплати си со време." - му кажа Кастриот Реџепи на нашиот новинар.

 

 

Коментари


Остави коментар