Најпознатиот пратеник во последните 7 денови - Кастриот Реџепи излезе со став кој многу веројатно ќе ја стресе целата македонска политичка сцена!
Имено, Кастриот Реџепи дознал дека странски држави се мешаат во демократијата на нашата држава и дека сакаат да ја наметнат својата волја на граѓаните по секоја цена!
Како што вели тој, најмногу се сомнева во Русија и КИна како земји што имаат најголемо влијание, а оваа информација му била дадена пред некој од страна на Американски претставници, додека го убедувале да не гласа за недоверба на владата.
"Опасно е друже. Седиме ја и пар луѓе од Америчка амбасада и ме убедуваат да не гласам за недоверба на владата. Ми викаат наводно ќе сме влегле у ЕУ, имале "dojava direktno iz kluba", сигурица било! Ми кажаа и кавер на фејсбук да сменам што ќе ја фали Америка, а тие ќе се погрижеле добро за мене. И се беше супер... кога изгледа му се слизна на еден од Америве и по грешка ми кажа дека наводно странски политичари пробувале да се вмешааат во политиката на Македонија. Не знаеше кои, ама се сомневал во Русија и Кина. Тоа е, луѓе секакви работи кажуват после пар чашки бурбон од Тенеси. И еве, сеа вас ви кажувам. Пазете се, опасно е тоа странци да се мешаат у наша држава, внимавај, отвори четири очи и пази некој да не влијае врз тебе, јасно?!?" - изјави Кастриот Реџепи во разговор со нашиот новинар.