logo

# Сатира

КАСТРИОТ: МИ КАЖАА ЌЕ МИ ПОРАСНЕ КОСА ПОСЛЕ ДОБИВАЊЕ НА ДАТУМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ!

насловна слика

Добрите вести не престануваат да доаѓаат од сите страни! Омилениот пратеник на македонците повторно ја израдува нацијата со супер вест!

 

Кастриот Реџепи утрово во фејсбук статус и соопшти на државата дека добил одлични вести кога се возел во авион со Зоран Заев пред некој ден. А таа вест е дека ќе му порасне косата во моментот кога државава ќе влезе во ЕУ!

 

"Жената ми кажа, гледала нешто на телевизија или интернет или радио или... нешто такво де. Чула дека кога ќе влеземе во ЕУ ќе ми порасне косата. Едвај чекам! ЕУ е тоа, нема зафрканција!!! Одма животот ти се менува на подобро, нема шега со ЕУ!" - се вели во дел од долгиот статус на Кастриот Реџепи.

Коментари

NHvIaDHHtrYZXuSlUU66PuuwUmKenN94DKhnaLip

Кастро бре, сељачино една, за коса ќе се обратиш кај берберот шо те шишал, ти чува од порано,,., ќе ти ја залепи со супер- лепак… само ќе внимаваш да не користиш ацетон место шампон


Остави коментар