Не се само Никола Груевски и директорката од СДСМ. И Кастриот Реџепи исто така се консултира со бајачки и фејсбук-астролози!
Имено, познатиот член на собранието на нашата земја - Кастриот Реџепи, изјави дека фејсбук страницата "Vidovida Packa - poln profil" му предвидела кога Македонија ќе добие датум за почеток на преговори за договарање на датумот кога ќе се добие датум за почеток на преговори за влез во чекалната на ЕУ!
"Пишав на фејсбук. Кажав што сум у хороскоп, кажав и подзнак, датум на раѓање и боја на гаќите што ги носев. И после тоа, кога дадов потребни информации, видовитата госпоѓа ми даде одговор. Одговорот беше "Наскоро. Ќе биде. Имаш среќа во куќа.", така да јас сум оптимист. Се надевам и вие дека сте оптимисти како мене." - изјави Кастриот Реџепи во интервју за нашиот сајт.