Општ хаос во сообраќајот по промоцијата на кампањата за успесите и достигнувањата на власта - „На прав пат“.
Имено, илјадници членови на партиите од владејачката коалиција стојат заглавени на кружните текови низ земјава поради нивното инсистирање тие да се исправат и да им се овозможи да продолжат да се движат по правиот пат, зацртан од нивните лидери.
Со реакција се јавија двете најголеми партии во власта и најавија демонтирање на сите кружни текови, а во меѓувреме ги повикаа своите сопартијци да се пријават во најблискиот штаб, каде ќе добијат специјална рута на движење како во иднина не би дошло до вакви несакани случувања.