ВМРО-ДПМНЕ се очигледно навистина сериозни за нивното ребрендирање! Откако нивното ново мото стана "Македонија за сите луѓе" тие, за да докажат дека немаат никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ што долго време криминално владееше со државава ветија дека ќе ја срушат зградата на партија што се наоѓа во центарот на градот, а во неа се наоѓаат голем дел на преплатени уметнички дела и останати кичести ствари.
"Ние сме навистина сериозни за нашето ребрендирање. Некој можеби мисли дека ова е само глупава фраза и дека партијата е исто ѓубре како и порано. Но тоа не е точно! За да докажеме дека ние сме сериозна партија со амбиции да го остави минатото зад себе - ние ќе ја срушиме зградата. Нема ни да имаме зграда на партијата. Ќе се собираме по кладилници и кафани од време на време. Арно ама, затоа, симболично, ќе им дозволиме на луѓето да си земат се од зградата. После може и да го препродаваат како сакаат. Со овој чекор веруваме дека ќе им дозволиме на граѓаните да сфатат дека ние сме сериозни во мотото "ЗА СИТЕ ЛУЃЕ"!!!" - изјави чистачот во зградата на ДПМНЕ.