logo

# Сатира

Јово Вангеловски и Зоран Заев номинирани за Нобелова за мир!

насловна слика
Помирувањето помеѓу довчерашниот премиер Зоран Заев и, сега веќе пензионираниот врховен судија, Јово Вангеловски одекна како бомба во домашните и во светските медиуми и стана топ тема кај највисоките опшЕСвени слоеви. Имено, голем број светски лидери како Трамп, Макрон и Момир Булатовиќ, но и ѕвезди како Леонардо ди Каприо, Шер и Анета од група Молика, повикаа тие да бидат номинирани за Нобелова награда за мир, затоа што успеале по мирен пат да го решат спорот помеѓу Врховниот суд и власта и да се договорат никој да не оди во затвор. Од Нобеловиот комитет ни потврдија дека до нив пристигнале неколку номинации за оваа двојка и рекоа дека тие ќе бидат земени во предвид, што значи дека Зоран Заев, во две години, два пати ќе биде номиниран за Нобеловата награда. Да им посакаме среќа!

Коментари


Остави коментар