Конечно! Денот што го очекувавме уште од завчера ќе стане реалност - ќе ја запознаеме "Јелена од Горњи Милановац!"
Таа денеска во видео разговор на Скајп гордо ни кажа дека ќе настапува на парадата на гордоста во Скопје, а причината за тоа е што таа станала лезбејка после љубовта со Зоран Заев.
"Зоран Заев е перфектен љубовник. Маестрален. После него, големи се шансите дека никогаш не би нашла некој што е добар како него. Ги уништи сите мажи за мене! Си реков, ако не можам вечно да бидам со Заев, тогаш подобро никогаш да не бидам со уште еден маж! Веднаш после Зоран Заев сфатив дека ниту еден друг маж никогаш нема да ме интересира. Затоа, после перфектното лето поминато со Зоран, решив да станам лезбејка. Заев е последниот маж што било кога ќе ме допре!" - ни кажа Јелена од Горњи Милановац.
Интересно е што "Јелена од Горњи Милановац" впрочем делуваше како нашиот премиер Зоран Заев да облекол перика и да ставил кармин на усните.
"Јелена... а ти уствари да не си Зоран Заев во перика и пробува тука некоја приказна да ни продаде дека Заев е ептен јак љубовник? А?" - ја запрашавме Јелена на овој видео разговор.
Таа само ги стави рацете на нејзините гради и кажа "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото."