logo

# Сатира

Јавното обвинителство: Ако пиштол е огнено оружје, зошто од него излегува куршум, а не оган???

насловна слика

Конечно имаме одговор зошто Јавното обвинителство смета дека пиштолот не е огнено оружје!


Од ЈО велат дека направиле темелна анализа на оружјето и дошле до заклучок дека пиштол дефинтиивно не може да биде сметан за "огнено оружје".

 

"Имаме луѓе што работат на вакви работи. Имаме вработени десетина лица, повеќето се од партија, ама паметни се, сите епизоди на ЦСИ ги имаат изгледано, знаат да прват анализи. И анализираа на долго и широко. И дојдоа до заклучок дека пиштолот не е огнено оружје туку куршумско оружје. Во него ставаш куршум и куршум излегува. На пример, огнено оружје е она шо оној од Рамштајн на концерти го има. Ти текиња? Дека е со оган. А ова пиштолов... куршумско оружје е." - изјави член на Јавното обвинителство.

 

 

Коментари


Остави коментар