logo

# Сатира

Ја запознал љубовта на својот живот пред Еуростандард Банка

насловна слика
Вистинска романтична љубовна приказна се случила пред експозитурата на Еуростандард Банка во Скопје. Скопјанецот Никола Мишевски (28) ја здогледал Велешанката Катерина Јовановска (26), како чека потпрена на столб пред експозитурата, при што заиграло неговото срце. Никола и пришол на Катерина и ѝ се обратил со зборовите „Ја испокрадоа државата, и ебаа мајката“, на што Катерина одговорила „Хоштаплери, пичка им мајчина“. Овие зборoви биле пресудни да започнат подлабок разговор, при што за кратко време заклучиле дека се сродни души. Нивната романтична приказна не завршила тука. Заминале на романтична вечера, каде Никола ја запросил Катерина, која со солзи во очите ја прифатила понудата за брак. Заљубениот пар во скоро време, со парите кои ги очекува од Еуростандард Банка планира да направи голема свадба. Велат дека затворањето на Еуростандард Банка е најубавото нешто кое им се случило во животот и дека љубовта не знае за време, место и граници.

Коментари


Остави коментар