logo

# Сатира

ЈА ОТКРИВАМЕ НОВАТА НАШЕЗЕМЈЕСТА ХИМНА! Ќе се пее за Али Ахмети, Дора Бакојани, Наумче Мојсоски...

насловна слика

Екипата на Кооперација во најбрз можен рок прати мејл до СДСМ за да прашаат дали има вистина во интервјуто на Али Ахмети во кое тој вели дека ќе се менува химната.

 

"Нема да се менува химната. Нема никакви промени. Нема промена на знаме, промена на азбука, промена на јазик, промена на учебници, име или двојазичност! ТОА Е ЛАГА!!!" - изјави сегашен вработен во владата во интервју за нашиот сајт во 2014, кога протестираше како неутрален граѓанин.

А во соопштението што го добивме од СДСМ во 2021, се дели дека сепак ќе добиеме нова химна.

Ние чепкавме длабоко и ја откривме новата химна на државата!! 

Ќе се вика "АЈДЕ ДА ДЕНСАМЕ"

 

"Ајде да денсаме"

Летен хит... раце горе... ајде сите

Џускајте сите, големи и мали

Џуска Бакојани, Џуска и Али

Денса и Номче, ракометно секси момче

Ај што сакам, во Софија да имам плац

А на радио да ги слушам Аце и Дац

Нека денса секоја дадичка и секој батко

Нека се тресе бината како да игра цацко

Ајде сите играјте на битов, овој летен хит - тоа е шитот!

Ќе игра и Отец Пимен; сите ќе речат "Машала - види го попов!"
Ќе игра и Мирко; сите ќе речат "Машала - види го попов!"

Дај ми juice од lemon, сипи ми Seven Heaven,

Дај текила, дај текила, една текила со лимон, - лимон

Дај ми juice од lemon, сипи ми Seven Heaven,

Дај текила, дај текила, една текила со лимон, - лимон

 

Eкипата на Кооперација смета дека ова е одлична химна што ќе ја пуштаат на светските радио станици и дека ќе  биде одличен хит што ќе го сруши и рекордот на Деспасито.

Особено радува што новата химна ќе се оддалечи од стереотипите дека химната не треба да биде обична лета песна во регетон хит и дека воопшто нема ништо погрешно во тоа химната да биде во овој стил. Пошто на крај краева, не дека химната ќе ви ги нахрани децата.

Коментари


Остави коментар