logo

# Сатира

Извршителите на улица: Граѓаните ги охрабрија да останат таму

насловна слика

Најавениот протест на извршители ги сплоти граѓаните како никогаш претходно.

Нивните закани дека ќе престанат со работа ако се донесе законот со кој се менуваат сегашните тарифи и дека ќе останат на улица до исполнувањето на нивните барања им донесе безерезервна поддршка од граѓаните.

Неплатени работници од Охис, социјални случаи и текстилни работнички се само мал дел од списокот поддржувачи кои ги охрабрија да истраат во борбата за своите права и им посакаа да одат до крај и по цена на своите животи.

Оние пак кои имаат побогато искуство со извршители, дури и се понудија да бидат жив штит околу протестот се’ додека е потребно, односно додека извршителите можат да издржат без храна и вода.

Коментари


Остави коментар