logo

# Сатира

Израел и Палестина се смирија - ЗОШТО МАКЕДОНЦИТЕ НЕ' ЗАБОРАВИЈА ЗА АВГАНИСТАН???

насловна слика

Конечно, после долги години немир, Израел и Палестина за момент решија да си подадат рака и да се сложат за нешто!

 

Имено, двете држави пратија соопштение до јавноста во кое велат дека се поприлично разочарани од Македонците кои туку-така ги заборавија нивните проблеми!

 

"Срамота еј. Значи сите со фејсбук рамки, со статуси, со видеа, со слики беа... и туку така заборавија за нас? И што? Сеа се експерти за Авганистан? Види мајката... А БЕ АЛОООО, МИЦКОСКИ ИЗЛЕЗЕ СО СТАВ ЗА НАС! И сеа ние туку така треба да ја заборавиме поддршката на Мицкоски за Израел??? Не ми се верува... и на овој до мене што седи што гледа што пишувам... И НА НЕГО НЕ МУ СЕ ВЕРУВА! Значи моравме да прекинеме со се и сешто само за да го пишеме ова соопштение за светот. Ептен сме разочарани во народот на Македонија... не' заборавија како да сме Евровизија... една недела и... толку. Ептен сме разочарани. Ептен." - се вели во заедничкото соопштение на Израел и Палестина кон нашата земја.

Коментари


Остави коментар