logo

# Сатира

Избори: Започнаа донаторските акции на ДУИ во поштите и казината

насловна слика
Вечниот коалиционен партнер во сите влади од 2001ва до денес, викендов одржа неколку донаторски акции за предвремените парламентарни избори, во повеќе обложувалници, казина, пошти и банки низ западниот дел од земјава и скопско. Според полицијата, акциите поминале во позитивна атмосфера и пријателски дух, па најголем дел од донациите се одземани скоро без употреба на сила од страна на маскираните лица и во МВР се надеваат дека така ќе биде се’ до денот на изборите. Од ДУИ се извинија до бизнисите во останатиот дел од земјава и најавија проширување на дејноста и во другите градови во најскоро можно време, со што гарантираа дека никој нема да биде дискриминиран при собирањето на донации за избори.

Коментари


Остави коментар