Внатрепартиските избори на ВМРО-ДПМНЕ по се изгледа ќе се решаваат со последните гласови!
Ова е се поизвесно откако екипата на Кооперација ги доби првичните резултати до 14 часот.
Имено, актуелниот лидер на партијата - Христијан Мицкоски е дури трет најгласан избор во овој момент!
Мицкоски има 27.4% од гласовите, а пред него со повеќе гласови се опциите "Да разгледаме наоколу па ќе се вратиме" со 31.8% и опцијата "Воздржан" со 41.8% од гласовите!
Стапивме во контакт со Мицкоски кој делуваше оптимистично и вели дека кој и да ќе победи ќе ја честита победата.
"Да, добри опции се овие двајцава. До душа не знам од кај излегоа, ги немав видено до сега на митинг на партијата... што и не вели многу пошто само два-тројца се собиравме по митинзи. Шо знам. Ќе биде интересно до крај. Кој и да ќе победи ќе му посакам се најдобро. Се надевам дека ќе победам јас, ама ако тоа не сум јас... добро, не е проблем!" - изјави Мицкоски.