„Да, познатите штипјани како То Ван Тијен, Ким Лан Пуонг, Ти Во, Пхам Дат, посебно Дханк Хонг Нху кого лично го познавам, а и многу други вчера се изнасмеаа на мојата објава за проектите наменети за населбата, попозната како „Баби“.
Знам дека во штипската населба наречена „Баби“ живеат многу луѓе и жал ми е што овие 500 жители така изреагираа на мојата ФБ објава и во ниеден случај не се сомневам дека ова се фиктивни профили.
Од То Ван Тијен, Ким Лан Пуонг, Ти Во, Пхам Дат, посебно Дханк Хонг Нху кого лично го познавам, се надевам на поддршка и многу лајкови за нашите план-проекти во населбата „Дедовци“ во Штип.“
- изјави кандидатот за градоначалник Иван Јорданов од Штип и заедно со Хо Ши Мун Ра заминаа во обиколка на населбата „Дедовци“ во Штип.
Остануваме на терен!