logo

# Сатира

ИСТРАЖУВАЊЕ: Сѐ повеќе љубители на млечен кашкавал ја заменуваат скапата навика со кокаин

насловна слика

„Вртоглавиот раст на цената на кашкавалот и на другите млечни производи, е главната причина поради која сѐ повеќе негови редовни консументи почнуваат да користат кокаин.“ – покажаа резултатите од најновото истражување на Институтот на нарачани истражувања и зависности (ИНИЗ).

 

- Анкетиравме повеќе од 1000 љубители на кашкавалот и откривме дека дури 88% ја замениле својата скапа навика со друга, поевтина. Од нив, 100% сметаат дека донеле правилна одлука, затоа што сега трошат многу помалку пари, имаат далеку повеќе енергија и многу ретко чувствуваат глад. – изјави претседателот на ИНИЗ.

 

Според експертите, ова се охрабрувачки резултати кои јасно покажуваат дека вистинските вредности не се изгубени и дека граѓаните на Нашата Земја знаат да направат вистински избор дури и кога тоа не е така едноставно.

Коментари


Остави коментар