logo

# Сатира

Истражување на АХВ: Бананите од Крушопек најбарани на пазарот

насловна слика
Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) ги објави резултатите од истражувањето за најпопуларните овошја и зеленчуци на македонскиот пазар и според нив, бананите од Крушопек убедливо водат на врвот пред охридските цреши, беровскиот компир и кавадаречкото грозје.  Според АХВ, најголем интерес за бананите покажале испитаниците од помладата популација кои најупорно и напосветено трагале по нив, а доста љубопитно делувале и постарите што според експертите е сигурен показател дека на граѓаните им е прекупотребен *К за да се соочат со реалноста. Ова е прв пат некое јужно овошје да биде најпопуларно, но вработени во агенцијата велат дека за добрите познавачи на јужно-американските производи ова било очекувано, особено ако се има во предвид дека се работи за висококвалитетни банани, со голема чистота, што е реткост на пазарот. *К - калиум со кој се богати бананите

Коментари


Остави коментар