Добро е! Короната не смее да го спречи народов од радување!
Имено, по стапките на НАТО-ФЕСТ, новата градоначалничка на Скопје - Данела Арсовска најавува "БУГАРСКИ ПЕВАЉКИ-ФЕСТ", настан кој ќе се одржи во "East Gate"
"Мора да гледаме кон истокот. Затоа во East Gate ќе биде настанот. Нели, кога мислам на Истокот мислам на Бугарија, а не на Јапонија. Секогаш мора да има добри причини за славење, па затоа со овој настан очекувам да ја прославам мојата победа на локалните избори. Ќе има многу квалитетни пејачки од Бугарија со уште поквалитетни деколтиња. Ќе биде јако!" - напиша Данела на Фејсбук.