logo

# Сатира

Исповед: Фамилијата не му дава да има врска со девојка вакцинирана со Фајзер!

насловна слика

Па дали е возможно вакви работи да се случуваат и во 2021 - ќе запрашаме, иако веќе го знаеме одговорот.


Забранета љубов меѓу двајца млади што премногу се сакаат, се поради различностите на нивните фамилии.


Ова е главната приказна од Кичевското село Атишта, што денеска ја пренесува сајтот Кооперац.. овај, ние. Ние ја пренесуваме.

 

Имено, 21 годишниот Аце нема дозвола да се гледа со неговата 21 годишна девојка Ана само поради тоа што неговата фамилија има проблем со фамилијата на неговата девојка.

 

"Лошо е. Навистина се сакаме, ама нашите фамилии не ја одобруваат нашата врска. Сакавме и во брак да стапиме, ама изгледа дека ништо од тоа." - вели Ана за нашиот сајт.

 

Фамилијата на момчето делува непоколебливо - "КАКО НЕ БЕ! Мое дете да биде со некоја вакцинирана со Фајзер??? У наша фамилија сите сме со Спутник боцнати! Нема шанса моја, Спутниковачка крв да се меша со Фајзерска крв! Додека сум жив нема да му дозволам да биде во врска со некоја Фајзеровка!!! Како не му е срам! Ќе му најдам јас, од друго село некоја со Спутник вакцинирана" - вели Митко, патријархот на фамилијата Капулетовски.


Побаравме одговор од фамилијата Монтековски, но тие ни побараа потврда дека сме вакцинирани со Фајзер. Им кажавме дека сме вакцинирани со Синовак, а тие ни кажаа "Хех, не' зезна, мислевме Спутниковец дека си.... не знам вака шо да ти праам... ништо, ајде гитла, немаме изјава. Гитла"

 

Последно што слушнавме е дека младите планираат да избегаат, а ако и така не успеат да ја крунисаат својата љубов и двајцата направиле пакт.


"Ќе јадеме банани. Чувме со шприц ставале СИДА во бананите. Така и двајцата ќе се спасиме од овој свет" - вели Аце Капулетовски за неговиот план.

Коментари


Остави коментар