Ни трага, ни глас од оставката што министерот за здравство Венко Филипче ја достави до премиерот на Владата, Зоран Заев, пред само три дена.
Од Владата се правдаат дека веднаш по нејзиното депонирање, службите ја доставиле до МВР, поточно до министерот Оливер Спасовски кој требало да ја чува до крајот на истрагата за пожарот, а потоа, во зависност од нејзиниот исход, да му ја врати на премиерот за тој да одлучи дали ќе ја прифати.
Кооперација се обиде да го исконтактира и министерот за внатрешни, но од неговиот кабинет ни рекоа дека е на литургија во оближната црква и ќе одговори на нашите прашања веднаш штом ќе заврши со утринското целување на попот.