Кој вели дека е досадно во државава.
Откако човекот што во авионот доби прекрасна вест пред некоја година, вчера во не-авион доби не-прекрасна вест, интелектуалецот Зоран Заев со нов план за тоа како да влеземе во Унијата во која магично сите стануваат перфектни.
Имено, премиерот планира официјалното име на државата да биде "Kingdom of Belgium"!
"Бев на состанок во Брисел. Тоа е дел од Кралството на Белгија. Ми рекоа дека во ЕУ нема место за нас. Ама има место за Кралството на Белгија.
И МИ ТЕКНА!
Ќе го сменам името на државава во "Кралството на Белгија"!!!
И така ние според веќе потпишани договори ќе бидеме член на Унијата!
Бидејќи таму пишува дека "Секој жител на Кралството на Белгија е дел од Европската Унија"!
Ептен се радувам што ми текна ова, а очекувам и подбри фудбалски резултати да имаме со новото име!
ОСТВАРУВАМЕ!" - вели Заев.