logo

# Сатира

ИНТЕГРА со свој кандидат за скопски градоначалник со мотото "ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ СКОПЈЕ КАКО ЈУПИТЕР!"

насловна слика

ИНТЕГРА најави дека ќе го направи истото што го направи Хан во "Војната на Ѕвездите" и ќе оди соло! 

 

Тие планираат да ја продолжат својата вселенска програма, но овој пат наместо на државно - тие планираат да одат со таа идеја на локално ниво.

 

"Мисли глобално размислувај локално! ИНТЕГРА проодлжува со плановите за интерпланетарна Македонија! Ќе започнеме од Скопје, а наш кандидат ќе биде некој лик што еднаш се појавил во скечеви на К-15 пред 20 години. Ќе видиме кој, не сме сигурни се уште, ама таа тактика за малце ќе вродеше во плод во Штип. Битното е дека размислуваме на долго и широко. Не дозволуваме границите на планетата да ни бидат лимит! Целта е да го напраивме Скопје исто како Јупитер! Голем, популарен и град што сите билионери ќе сакаат да го посетат! Ако може Јупитер да биде сметана за најголема планета во Сончевиот систем, зошто да не може Скопје да биде сметан за... нешто јако! И добро! И позитивно! Ќе го направиме Скопје како Јупитер!" - изјави претседателот на ИНТЕГРА.

 

Го прашавме дали тоа значи дека нема да има услови за живот во Скопје, но претседателот се преправаше дека не не' слуша и се префрли на следното прашање од некој друг новинар.

Коментари


Остави коментар