logo

# Сатира

ИНТЕГРА: Победникот на Евровизија е ЧИСТОКРВЕН МАКЕДОНЕЦ!

насловна слика

Една од, ако не најпопуларните или најуспешните тогаш дефинитивно една од партиите во нашата земја - ИНТЕГРА, продолжи со бранење на се што е македонско!

 

Имено, тие објавија дека се сомневаат дека победникот на овогодинешната Евровизија има корени од Македонија!

 

"Видете го! Блед пошто цело време гледа турски серии и дебатни емисии. Подочњаците објаснуваат дека легнува доцна, најверојатно пошто до крај ја следи "Заспиј ако можеш" емисијана на Алфа. А очигледно е дека не може. Башка, сите знаеме дека во Италија има многу македонци. Горан Пандев, Илија Несторовски и остантите. Сигурно е и овој некој пропаднат фудбалер. А да не зборам за главниот пример! Името! Се вика Måneskin! Па има ли по очигледно од ова? Човекот се презива МАНЕСКИ, типично македонско презиме. И на крај, исто како и на Macedonia, ставиле едно N. Во името на земјата N-то е на почеток, а тука е на крај. Манески, типичен македонец. Го повикуваме да дојде во нашата земја, да го номинираме за градоначалник на Скопје, а потоа очекуваме и да помогне со организацијата" - изјави господин ИНТЕГРА.

 

Претседателот на партијата немаше коментар кога му објаснивме дека Måneskin е име на беднот, а не презиме на човекот.

Коментари


Остави коментар