Конечно и инспиративна вест што ќе ве натера да сфатите дека ништо во животот не е невозможно ако го имате вистинскиот став!
Имено, 53 годишниот жител на Скопје со иницијали М.Н. верува дека оваа оваа држава е претерано лоша и нема ниту една добра работа што било кој би ја посакал.
Сепак, тоа не го спречува да мисли дека државава треба да влезе во ЕУ!
"А бе срање држава. Срање народ, глуп, заостанат, има некои глуапви ставови од пред 500 години. Зградите? Куќите? Полињата? Планините? Све тоа срање, ја сум бил низ цел свет сум видел како треба да изгледа вистинска држава. Затоа, време е државава да влезе во ЕУ! ЕУ е права ствар и се во ЕУ е маестрално, магично и лечи рак, СИДА и КОВИД!" - изјави М.Н. за нашиот сајт.
Го прашавме зошто треба ЕУ да ја прими државава, односно, зошто Унија во која што се е волшебно и во која што лета сонот на крилест ат би сакала да прими држава која што е целосна анти-теза на се што е погоре спомнато за Унијата.
"Што? Зашто да не примат? Хаха а бе... хаха... ххаха, а бе... а... хаха.. а бе... овај... зашто да не? Хаха... овај... сакам да кажам... овај... види вака... значи државаа е срање, се сложуваме, така? ЕУ е топ, се сложуваме така? ЕУ држи стандард некој огромен за кој што ние може да сонуваме и никогаш нема да го постигнеме така? Е па... што е нејасно?" - ни одговори (?) господинот
Го запрашавме дали верува дека државава ќе успее да го достигне тој стандард со влез во Унијата, а тој ни кажа:
"А бе Македонче, глупо, неинтелигентно, идиот, заостанато, со глуп начин на размислување од пред билион години. Никад нема да стигне до тој стандард и тоа Македончето е глупо како и државава. Све е глупо бе никад нема да му стаиш мозок! Никад нема да се стигне до тој стандард" - беше одговорот на М.Н.
Го запрашавме зошто тогаш ЕУ би сакала да ја прими државава и зошто државава би сакала да влезе ако самото влегување во ЕУ апсолутно никако нема да го смени "македончето" или воопшто целава држава.
Тој делуваше збунето, немаше одговор и ни кажа:
"А бе ајде, ја ли све да ви објаснувам?!?! Тоа е, македонче, глупо, све чека од друг.... затоа треба во ЕУ да влеземе за да ни помогнат... тоа е, не сфаќаш ти, све од мене ќе чекаш ли одговори? Ај гитла од мојов дом идиоту еден!", по што не избрка од неговиот дом.