logo

# Сатира

Инклузивност! МКЦ станува "Кулутрен Центар За Лица Од Сите Возрасти, А Не Само Млади, Шо Као Демек Ние Старите Не Знаеме Да Се Забављаме?"

насловна слика

Стоп за поделбите! Да за иклузивноста!

 

Град Скопје официјално објави дека познатиот "Младински Културен Центар" ќе го смени името со цел да биде поинклузивен! 
 

Од МКЦ велат дека тие се отворени за сите возрасти и дека не сакаат да ги јакнат стереотипите дека само младите знаат да се забавуваат, да бидат културни или да бидат во Центар.

 

Новото име на Културниот центар ќе долови се што треба да знаете за оваа институција, а екипата на Кооперација е презадоволна што конечно ќе престане дискриминацијата кон постарите кое ова заостанато, навредливо и неиклузивно име го имплицираше.

 

"МКЦ е демоде. Затоа, од сега, новото име на центарот ќе биде "Кулутрен Центар За Лица Од Сите Возрасти, А Не Само Млади, Шо Као Демек Ние Старите Не Знаеме Да Се Забављаме?", односно  КЦЗЛОСВАНСМШКДНСНЗДСЗ во скратена форма. Сметаме дека новото име само ќе го зацврсти идентитетот на КЦЗЛОСВАНСМШКДНСНЗДСЗ. Знаеме, некои можеби ќе штрајкуваат првите пар денови и ќе се дерат "Никогаш КЦЗЛОСВАНСМШКДНСНЗДСЗ - само МКЦ", но веруваме дека кога тогаш и тие ќе прифатат дека новото име е инклузивно, прогресивно и паметно, за разлика од претходното кое дефинтиивно не беше ништо од ова. Поради новото име очекуваме поголем број на постари посетители на настаните што ќе се одржуваат во КЦЗЛОСВАНСМШКДНСНЗДСЗ, за разлика од порано кога најголем дел од посетителите беа млади. Продолжуваме напред!" - се вели во соопштението на КЦЗЛОСВАНСМШКДНСНЗДСЗ.

Коментари


Остави коментар