Екипата на Кооперација секогаш сакала да даде простор и на граѓани кои не се познати актери, пејачи, спортисти или политичари.
Така, денеска имавме чест да разговараме со просечен граѓанин. Со него разговаравме на најмногу теми, но очигледно најголеми емоции кај овој емпат разбуди споменувањето на моменталните дискусии меѓу Македонија и Бугарија - односно делот каде Бугарија вели дека не постои македонско малцинство во нивната земја.
"Емпат сум. Ме погодуваат туѓи тажни приказни. Се грижам се секое малцинство. Се грижам за ЛГБТ+ малцинството во Саудиска Арабија. Се грижам за афро-американското малцинство во САД. Се грижам за бегалците од Афганистан. Се грижам за македонското малцинство во Бугарија. Се грижам за малите групи што нема кој да ги одбрани. Пробувам со фејсбук рамки да го направам светот подобро место. Еве, уште нема излезено рамка за македонското малцинство во Бугарија, ама кога ќе излезе ќе ставам. Ама навистина ме погоди ситуацијата" - ни кажа господинот.
Тој вели дека ќе стори се што е во негова моќ за да докаже дека постои македонско малцинство во Бугарија и дека навистина се грижи за овие граѓани на Бугарија, а потајно му е страв дека Бугарија ќе се одмазди врз Македонците во земјата.
"Искрено се надевам дека се ќе заврши добро. Навистина ме нервира ова што го вели владата на Бугарија. ПОСТОИ МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА И МОРА ДА СЕ БОРИМЕ ЗА НИВ!" - видно емотивно кажа граѓанинот кој воедно ни кажа и дека гласал на референдумот во 2018 за бришење на македонското малцинство во Грција.
"Ебаму малциснтвото ебаму, дајте у ЕУ да влеземе, батец" - одговори господинот кога пробавме да му ја воочиме неговата хипокризија.
Запрашан за тоа дали би гласал на нов референдум кој би го избришал македонското малцинство во Бугарија ако тоа донесе шанса неговите пра-пра-пра-пра-пра-пра-правнуци да добијат 500 евра плата како членки на ЕУ тој одговори потврдно.
Му се заблагодаривме за разговорот, се ракувавме и му посакавме се најдобро во остатокот од неговиот живот.