logo

# Сатира

Грузиски судии се заканија со оставки ако се прифати понудата на Груби

насловна слика

Мнозинството грузиски судии се дигнаа на нозе по официјалната посета на нивната претседателка, Саломе Зурабичвили и најавија масовно повлекување од функциите во случај делегацијата да ја прифати понудата на Артан Груби, наши луѓе да им помогнат со реформите во судството.

 

- Грузија е далеку ама сме слушнале и за Артан Груби, и за ДУИ, и за македонските политичари. Затоа предупредуваме да не се игра со нашето достоинство и помошта културно да се одбие. Не сме ние македонски судии па да нѐ реформира кој ќе стигне. - се вели во заедничкото соопштение на грузиските судии.

 

Пред да ја добие реакцијата на судиите, претседателката на Грузија уште еднаш се сретнала со господинот Груби и на таа средба, тој ѝ презентирал список со 800 вработени по Рамковен што течно зборат грузиски, но по новонастанатата ситуација, сѐ уште не се знае дали тие ќе заминат за Грузија или ќе останат дома да го доусовршат јазикот.

Коментари

EeQWpA8bDFyWZmHvJI1Q4dEvzTXtrSI9s4nE5D4Q

Убав на мајка, сегде да помогне....


Остави коментар