Денеска во нашата редакција одекна не толку познатиот звук на фиксниот телефон. Од другата страна на телефонот одекна познат глас - гласот на Никола Груевски!
ГРУЈО: Ало! Немам коментар. И на непозната адреса сум.
Кога му објаснивме дека никој не го барал, тој се извини, а во позадина се слушаше радио програмата „Добро утро Будимпешта“.
ГРУЈО: Се извинувам. Се јавував на непознат број.
Тут. Тут. Тут.