Очекувано, човекот што има есеј за секоја тема, повторно се појави на фејсбук за да ја извести власта за своето мислење за понудената оставка на Венко Филипче.
Поранешнот лидер на ДПМНЕ, вели дека ова е уште еден доказ дека владата на СДСМ го зголемува бројот на невраобтени во државата!
"ЕТЕ! Здрав, прав, образован, со работно искуство... И ПАК НЕВРАБОТЕН! Венко Филипче е жртва на владата на СДСМ! Се повеќе и повеќе млади луѓе остануваат без работа поради оваа влада! И јас сум една од тие жртви! Знаете ли колку е тешко да си невработен криминалец? ЗНАЕТЕ ЛИ???" - емотивно напиша Груевски на фејсбук.