Поранешниот премиер на Република Македонија, поранешниот бегалец на Република Македонија, а сегашен бегалец на Република Северна Македонија повторно со свој статус на социјалната мрежа Фејсбук реши да се обрати кон своите фанови.
Како и секогаш кога има нешто сериозно во светот, тој се реши на долго и широко да ги објасни своите гледишта, а притоа и да се пофали дека чита книги на познати филозофи.
Неговиот најнов статус е долг 641 пасус, а во него се зборува за војната меѓу Украина и Русија, а секако се споменува и СДСМ, Ковачевски, Апасиев, Бучковски, Џо Бајден, КОВИД-19, Исус Христос, Марија Магдалена, Перо Антиќ, Валери Божинов, Зинедин Зидан, Емили Ратајковски, Мадона, Џим Кери, Свети Илија, Перо Механичарот, Љубчо Георгиевски, Јован Јованов и уште неколку познати и непознати ликови.
Ниту еден член на нашиот сајт го нема прочитано статусот, а по се изгледа дека се уште се нема најдено јунак што во целост ќе го прочита ова дело.
"Не бе брат. Долго е. Пробав пар пасуси и се откажав. Му пишав у коментари "Bravo, taka e, samo treba da se procita!" од култура, ама во реалноста немам појма што сака да каже. Ако бе, битно да пишува нешто, да не седи дома за џабе." - вели еден симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ.
Екипата на Кооперација ќе продолжи да бара човек што го има прочитано статусот во целост, а според првичните информации, првиот Македонец што ќе го прочита статусот се очекува да го добиеме при крајот на Јули.