logo

# Сатира

Груевски со решение за дресовите: НЕКА НОСАТ ДРЕСОВИ ОД УНГАРИЈА!

Откако Република Јужен Сосед наводно се жалела за тоа што пишувало "ФФМ" на нашите дресови, поранешниот министер за финансии, а сегашен автор на книги - Никола Груевски, со свој статус се упати кон фудбалерите.

 

"Секогаш кога не знаете што да правите... помислете на Унгарија! Ова е моето мото во животот, и до сега добро ме служи. Унгарија е исто така на ЕП, а имаат и црвени дресови, Побарајте им од нив, сигурен сум дека ќе ви позајмат, најверојатно имаат вишок. Така Грција нема да се буни и се ќе биде во ред.

 

А да, ако им барате дресови... уз пат дајте им и ајвар да ми донесат. 

Фала."  - напиша Груевски.

Коментари


Остави коментар