После најавата за ребрендирање на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот... лидер? Премиер? Партиски претседател? Партиски бог? Пријател на Мијалков? Криминалец?
Поранешниот... жител на нашата земја - Никола Груевски, веднаш најави дека ќе прави контра-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а неговата цел е повикување на жители во Унгарија.
"МАЏАРСКА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ! Ова е мото за кое што сум спремен да водам напред! Време е да се направи вистинско ВМРО по 5326 пат! Овој пат тоа ќе биде направено од моја страна и..." - започнува статусот на Никола Груевски, а ние престанавме да го читаме кога сфативме дека има 22 пасуси во овој статус на Грујо.