logo

# Сатира

Груевски: И јас како Фетаи сам си платив пат до Унгарија

насловна слика

Повторно главна вест во медиумите е поранешниот премиер, сегашен бегалец од правдата, а иден човек кој во 2053 ќе биде вработен од страна на премиерот Артан Груби да преговара со Унгарија за тргање на ветото за влез во ЕУ.

 

Никола Груевски напиша фејсбук статус во кој цврсто застанува на страната на Фатиме Фетаи која искажа дека сама си платила пат до Италија како и карта за фудбалскиот натпревар на нашата репрезентација. 

 

"Вака се сака својата држава! А не ко некои што цел живот работат за минималец и не ни сакаат да отпатуваат во странство да ја бодрат својата репрезентација. Срамота е да се напаѓа Фетаи за ова. Таа може да оди кај сака со пари од свој џеб. И јас исто, сам си го купив Мерцедесот и сам си отидов во Унгарија. Јас бев обвинет за сакање. Исто како Фетаи. Хештег Фатиме." - гласеше дел од долгиот статус на Никола Груевски.

 

 

Коментари


Остави коментар