Зарем некој мислеше дека ќе помине контроверзна тема да помине без долг статус на поранешниот премиер?
Никола Груевски имаше свое мислење за ситуацијата со Вил Смит и Крис Рок, а тоа го преточи во статус со стотици параграфи.
Имено, тој вели дека е на страната на Вил Смит бидејќи знае како му било на актерот кога чул шега за женска личност што му е драга.
"Не е лесно. Ете, некој се шегуваше што жена му немала доволно влакна на главата. Така порано се шегуваа и со вишокот на влакна над устата на Гордана Јанкуловска. И мене многу пати ми доаѓало да мавнам шамар на некој што направил таква шега, ама не го направив тоа. Тоа беа други времиња, можеше да се шегува за бројот на влакна на главата на некоја жена. Криво ми е што тогаш беше ок да се прават такви шега иначе ќе летаа шамари хаха ако ме сфаќате хааха" - гласеше дел од статусот на Груевски.