Поранешниот жител на нашата земја - Никола Груевски во фејсбук статус упати моќна порака до фудбалерите! Оваа порака на надеж доаѓа баш во моментите кога тоа и требаше на целата нација која баш вчера после поразот кажа "Е уште само Грујо фалеше...", доказ дека Никола навистина им недостасува на граѓаните. Или барем на еден граѓанин.
А тој граѓанин е Оливер Спасовски.
"Дечки, не е се изгубено. Мене ме учеа дека кога не и оди на Македонија треба својот поглед да го упатиш кон Унгарија.
А Унгарија игра утре.
Затоа, сите заедно да се сплотиме и да навиваме за наша...овај..ваша...овај... за нас тука е "наша", а за вие у Македонија е "ваша"
За репрезентацијата на Унгарија де!
Да навиваме за Унгарија и да се надеваме дека цела Македонија ќе биде среќна после крајот на првото коло на ЕП!!!" - напиша Кољо.