logo

# Сатира

Груби виден на Косово: Барал кабел за да го наполни електричниот автомобил од фабриката во Тетово

насловна слика

После 20 дена неизвесност за судбината на господинот Артан Груби, кој последен пат беше виден како пешки ја преминува македонско-косовската граница, конечно добивме добри вести од очевидци кои стапиле во контакт со бегалецот благодарение на слабата батерија на неговиот електричен автомобил.

 

Имено, според нивното сведоштво, нашиот поранешен вицепремиер доцна синоќа затропал на нивната врата и ги замолил да му позајмат продолжен кабел за да го наполни својот електричен автомобил од, за нив во тој момент, непозната марка.

 

Меѓутоа, благодарение токму на нивниот опис на возилото и знакот ТЕТСЛА кој го забележале на него, експерти од нашето и косовското МВР заклучија дека се работи за првото електрично возило произведено во фабриката во Тетово, за кое сѐ уште не се знае како стигнало во посед на Груби. 

 

Веднаш по ова сознание, нашето и косовското МВР започнаа голема акција и поставија неколку стотици продолжени кабли и полначи за електрични возила на повеќе локации во околината на Приштина, со цел да го намами и да го уапси господинот Груби.

Коментари


Остави коментар