logo

# Сатира

Груби се заколна: Ако проневериме и 1€ од коридорот 8, никогаш да не се помрднеме од власт

насловна слика

Вицепремиерот Артан Груби, кој важи за десна рака на императорот на Нашата Земја, неговото височество - Али Ахмети, денес во драматично обраќање до јавноста ги стави на коцка своето реноме и својата кариера со една и единствена цел: да ги убеди граѓаните дека зад изградбата на коридорот 8 стојат чесни луѓе, со чесни намери за доброто на сите.

 

- Давам заклетва! И јас, и мојата партија, да не се мрднеме од власт и цел живот да се храниме од службени картички и да се возиме во службени возила, ако од буџетот предвиден за коридорот 8 биде проневерен и само 1 денар! - рече г-нот Груби, видно потресен од критиките на граѓаните.

 

На крајот на своето обраќање, тој ги повика сегашните, но и поранешните коалициони партнери од Владата да го следат неговиот пример и да им покажат на граѓаните дека овој пат сериозно ја сфатиле својата работа.

 

Коментари


Остави коментар