Неверојатната бизнис приказна на првиот сосед на нашиот прв вицепремиер, која како што објасни Артан Груби, започнала кога соседот имал само 5 и трае веќе 30 години, денес ги полни страниците на македонските медиуми како вистински пример за тоа како со посветеност, упорност и добрососедство, може да се направат милиони.
- Сум неколку години постар од него и знам дека уште како од мал му одеше бизнисот. Сум го гледал низ Чаир со тоа цуцлите, како се мачи да ги препродаде, а дете од 5 години. Ја тогаш влегував во политика и уште одма знаев дека еден ден ќе е милионер! - изјави Груби.
За крај, тој рече дека цуцлите се само почетокот на трнливиот пат кон успехот што го изодел неговиот сосед и најави цела збирка со приказни посветени на бизнисите на соседот, на која ќе почне да работи по повлекувањето од политиката.