Еден месец откако Артан Груби кажа дека "Илинден" е исто така и празник на Република Бугарија, познатиот... познатиот... човек што е познат - Артан Груби, повторно ги разбранува брановите во медиумското море со своја контроверзна изјава!
Имено, тој вели дека "Денот на независноста" е исто така и празник на Бугарија.
"Осми септември е празник на нашата... ама и на други држави. На пример Бугарија. Срамота е во 2021 уште да крадеме историја и да тврдиме дека ова е исклучиво наш празник. Убавината и среќата во животот доаѓа од делење на среќата со други кои тоа го заслужуваат. А ние сметаме дека Бугарија како наш сосед дефинтиивно има голем удел во денот на независноста. Сакам да им го честитам овој ден на сите жители на Република Бугарија! ЗА МНОГУ ГОДИНИ НЕКА Е БРАЌА!" - изјави Артан Груби во нежно интервју за нашиот сајт.